Се што ти треба за успешен тим-билдинг
Од предизвикувачки авантури до стратешко решавање на проблеми, дозволете ни да помогнеме вашиот следен корпоративен ден биде малку поинаков.
Решение прилагодено на секој тим
Различност
Ги осознаваме вашите замисли и желби. Во соработка со вас, планираме настани кои се усогласени со вашите цели.
Професионалност
Развивање на тимски вештини преку работилници организирани од професионални тренери од различни области.
Логистика
Ние ќе ја обезбедиме целата логистика, за да се осигураме дека вашата посета на секоја дестинација биде незаборавна.
Резултати
Нудиме организација на тимски настани кои се проверени и несомнено носат позитивни резултати.
Едноставен, транспарентен и ефикасен процес
Уморни сте од постојаното справување со сите детали за успешен тимски настан? Оставете го тоа на нас! Ние сме тука да ги координираме и најсложените проекти, така што можете да се опуштите, знаејќи дека секој чекор е внимателно предвиден. Дозволете си да се забавувате на вашиот тимски настан – време е за промена!
1. Консултација, дефинирање на цели и буџет
Изберете настан кој одговара на вашите цели, буџет и распоред. Со задоволство ќе ви помогнеме во овој важен прв чекор.
2. Избор на локација и активности
Прилагодување на настанот според културата и интересите на компанијата и вработените е од огромна важност. Организираме целосно прилагоден настан за вашите потреби.
3. Организација и логистика
Секој настан вклучува безброј важни детали. Нашите менаџери за настани се експерти во координирањето на сите аспекти, што ви овозможува Вам да се фокусирате на забавата.
4. Евалуација и фидбек
По завршувањето на настанот, ние сме тука за да го слушнеме вашето мислење! Вашите оценки и повратни информации се од суштинско значење за нас и ни помагаат да ги подобриме нашите услуги и да создадеме уште подобри искуства за вашите тимови.
Oрганизираме широк спектар на тимбилдинг настани, вклучувајќи:
Tимски денови
Тимските денови, организирани од компанијата, претставуваат идеален начин за бегство од секојдневните обврски, овозможувајќи им на вработените да се опуштат и истовремено да ги зајакнат своите меѓусебни врски. Овие настани не се само шанса за одмор, туку и вистински момент за тимовите да ја подобрат својата динамика и да се зближат. Тие создаваат простор за подобра комуникација, креативност и соработка, што на крајот ја засилува продуктивноста и духот на тимот.
Корпоративни настани за тимски развој
Нашите корпоративни настани за тимски развој се дизајнирани за да ја зајакнат тимската соработка и стратешкото усогласување. Често вклучуваат интерактивни предизвици и работилници кои ја подобруваат комуникацијата, лидерските вештини и моралот на компанијата.
Надворешни активности за тимски развој
Надворешните тимски настани се одличен начин за поттикнување на креативноста и ослободување од стресот. Нашите активности вклучуваат возбудливи предизвици во прекрасната природа, кои овозможуваат нови искуства и блиска соработка. Овој природен амбиент создава идеални услови за отворена комуникација и спонтано поврзување, надминувајќи ги секојдневните обврски и предизвици.
Outdoor team building events are a great way to boost creativity and reduce stress. All of our activities offer engaging challenges set against the backdrop of the beautiful countryside. This setting naturally fosters open communication and spontaneous conversations beyond their usual day-to-day activities.
Aктивности
Преку интерактивни активности, ги охрабруваме учесниците да комуницираат отворено, да споделуваат идеи и да се поддржуваат во постигнувањето на заедничките цели. Клиентите ја избираат активноста што одговара на учесниците, со помош на нашиот експертски тим. Ние ќе се погрижиме да бидат избрани соодветни активности, кои ќе ги ангажираат, предизвикаат и ќе им овозможат на учесниците да имаат незаборавно искуство.








Зошто да ја препуштите организацијата на следниот тимски настан на YATO?
Нашиот тим има долгогодишно искуство во организирање тимски настани и корпоративни активности. Ние се фокусираме на создавање на настани кои се внимателно прилагодени на потребите на вашата компанија и тим. Без разлика дали станува збор за тимски настани или корпоративни работилници, ние обезбедуваме безбедност, креативност и професионализам во секој аспект од организацијата.
Ние ја преземаме целокупната организација, така што вашите менаџери и тимови не мора да се грижат за ништо. Нашата цел е да ви овозможиме да се фокусирате на вашиот бизнис додека ние ја менаџираме логистиката и сите детали за настанот. Планираме активности кои ќе ја подобрат динамиката на тимот и ќе донесат нова енергија, намалувајќи го стресот и создавајќи силна и кохезивна работна атмосфера.
Нашите настани не само што ја зајакнуваат соработката и комуникацијата во тимот, туку и обезбедуваат можности за вработените да научат нови вештини и да се развиваат. Организираме активности кои ќе им помогнат на вашите вработени да ги подобрат лидерските способности, решавањето на проблеми и креативното размислување, што директно влијае на продуктивноста и мотивацијата на тимот.
Со нас, тимските настани стануваат лесни, креативни и ефективни!
Контактирајте нè
Запознајте се подетално со нашите услуги и дозволете да креираме настан според вашите желби.
aleksandar.chochovski@yato.com.mk
Aлександар Чочовски: +38970744082

